Фантастични - 112,5 милиони евра успеа да собра Народната банка преку денешната аукција на записи. Од овие пари, 100 милиони евра повторно беа вратени во приватниот сектор по основ на доспеани. Во моментов на сметките на НБМ лежат 365,2 милиони евра. На оваа јулска аукција продажбата на записи беше неограничена. Побарувачката надмина 100 милиони евра. Според познавачите оваа состојба е показател дека и покрај намалените камати, записите и на државата и НБМ остануваат атрактивни и најмалку ризични за приватниот сектор. На почетокот од овој месец и владата преку аукција собра близу 36 милиони евра. Откако во приватниот сектор по основ на доспеани врати поголем дел од парите, во буџетот останаа близу седум милиони евра. Сепак на последната аукција на владата се случи радикална промена, банките купија само 19,8%, а останатите клиенти дури 80,2% од државните записи. Само дваесетина дена претходно банките беа купувачи на над 90% од записите.
Фантастични - 112,5 милиони евра успеа да собра Народната банка преку денешната аукција на записи.
Од овие пари, 100 милиони евра повторно беа вратени во приватниот сектор по основ на доспеани. Во моментов на сметките на НБМ лежат 365,2 милиони евра.
На оваа јулска аукција продажбата на записи беше неограничена. Побарувачката надмина 100 милиони евра. Според познавачите оваа состојба е показател дека и покрај намалените камати, записите и на државата и НБМ остануваат атрактивни и најмалку ризични за приватниот сектор.
На почетокот од овој месец и владата преку аукција собра близу 36 милиони евра. Откако во приватниот сектор по основ на доспеани врати поголем дел од парите, во буџетот останаа близу седум милиони евра.
Сепак на последната аукција на владата се случи радикална промена, банките купија само 19,8%, а останатите клиенти дури 80,2% од државните записи. Само дваесетина дена претходно банките беа купувачи на над 90% од записите.
Банкарите ја потврдуваат оваа состојба со образложение дека банките се повлекле од аукција зошто морале да ја исплатат дивидендата на Телеком.
Економистите ја отвораат дилемата како приватниот и јавниот сектор во услови на неликвидност, успеа да обезбеди близу 29 милиони евра и тоа врзани во следниве 6 месеци. Записи може да купуваат осигурителни компании, фирми, јавни претпријатија, фондови.